Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 284. 008 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.838, а оздравеле 93.546 лица.

-Прв регистриран случај на заразен со коронавирус во Источен Тимор, соседна земја на Индонезија каде болеста има земено голем замав.

-Во Црна Гора во последните 12 часа нема новозаразени, остануваат досега регистрираните 14 случаи.

-Филипинските здравствени власти денеска потврдија за нови 77случаи, со  што вкупната бројка на Ковид-19 во земјата се зголеми на 309, од кои досега има 19 смртни случаи и 13  излекувани

-Бангладеш информира за вториот смртен случај во земјата од коронавирусот, и четири нови инфицирани, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 24. Здарвствените власти соопштуваат дека  14.000 лица се ставени во карантин откако се вратиле од странство.

-Во Индонезија се потврдени вкупно 450 случаи на заразени откако во последните 24 часа се покажале позитини на тестирањата уште 81 лице. Во земјата досега починале 38 лица.

-Во Хрватска од ноќеска се регистрирани уште 40 нови случаи на заразени со што вкупната бријка на инфицирани во земјата сега изнесува 168.

-Во Бих од коронавирусот се заразени вкупно 90 лица, од кои во Република Српска се 29, во Федерацијата 31.

-Грузија од денеска прогласи вонредна состојба во земјата откако бројот на заразени од коронавирост се зголеми на 47.

-Во Иран во текот на последните 24 часа починале уште 123 лица. Негативниот рекод беше забележан пред два дена кога починаа 149 лица во еден ден.Од вчера до денеска во земјата се регистрирани нови 966 заразени, со што вкупната бројка на инфицирани сега изнесува 20.610.

-Пандемијата од коронавирусот однесе уште триесет животи во Белгија, а вкупниот број починати се зголеми на 67. Здравствените власти соопштија дека 558 нови лица се регистрирани како заразени, вкупниот од почетокот на пандемијата изнесува 2.815 заразени.

-Епидемијата на коронавирусот во Франција предизвика смрт на 450 пациенти (78 дополнителни за 24 часа) и хоспитализира уште 5.226 пациенти, од кои речиси 1.300 се наоѓат на интензивна нега

-Бројот на заболени во Шпанија скокна за околу 20 отсто, зголемувајќи  се на 20.500 , а досега умреа над 1.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот