Состојба со коронавирусот во светот до 10 часот

Луѓе со маски шетаат низ Истанбул / EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 937.941 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 47.273, а оздравеле 195.188луѓе.

– Во САД има најголем број на заразени со новиот корнавирус – 215.344 од кои починале 5.112 луѓе, а оздравеле 8.878.

– По бројот на заболени, Италија е на второ место, каде се инфицирани 110.574 луѓе, од кои смртни случаи 13.155 и 16.847 оздравени лица.

– Во Шпанија пријавени се 104.118 пациенти, од кои 9.387 починале, а оздравеле 22.647 луѓе.

– Во Франција регистриани се 56.989 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 4.032 починале, а оздравеле 10.935.

– Во Германија во изминатото деноноќие починале 140 луѓе од последици на Ковид-19, со што вкупнито број сега изнесува 931. Во земјата регистрирани се 77.981 случаи, додека 19.175 луѓе оздравеле.

– Во Јужна Кореја во последните 24 часа регистриани се 89 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број се искачи на 9.976, од кои 169 починале, а оздравеле 828 луѓе.

– Во Турција од последници од новиот коронавирус починале 63 луѓе, со што бројот на смртни случаи достига до 277. Во земјата регистрирани се 15.679 луѓе заразени со Ковид-19, од кои 333 оздравеле.

– Во Србија 1.060 луѓе се инфицирани со Ковид-19, од кои 28 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот