Сопругот сакал да ја изненади познатата турска актерка, па се шокирал: Ја затекнал гола со 30 години постариот свекор

Фото: Инстаграм

Животот на турската актерка Гокче Бахадир, една од ѕвездите на познатата турска серија „Кога лисјата паѓаат“, го одбележа голем скандал. Иако во кариерата реди успеси, нејзиниот љубовен живот не е идеален.

Имено, турската актерка во едно интервју изјавила дека нема среќа во љубовта, а набрзо потоа во јавноста се проширија шокантни информации за нејзиниот љубовен живот.

Фото: Instagram/ gokce.bhdr

Актерката минатата година се омажи по втор пат, со музичарот Емир Ерсој, а по романтичната венчавка, во јавноста излегоа деталите од нејзиниот претходен брак со 45-годишниот актер Али Сунал.

Гокче и Али го кажаа судбоносното „да“ уште во 2011 година, но љубовната идила траеше само една година, а набрзо следеше и развод.

Фото: Instagram/ gokce.bhdr

Тие двајца неколку пати ја одложуваа венчавката. Секогаш имале изговори за одложувањето, како што биле нивните работни обврски, кои им ги менувале плановите. Но, по третата објава за свадба, тие стапија во брак.

Само седум месеци по церемонијата, Гокче се пожалила на пријателките и рекла дека размислува за развод.

Фото: Instagram/ gokce.bhdr

Иако долго се шпекулираше за причините за нивниот развод, извори блиски до 41-годишната актерка изнесоа шокантни тврдења во јавноста.

Тие потврдиле дека бракот со Али се распаднал, бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовна афера со неговиот татко Кемал Сунал, кој во меѓувреме починал.

Меѓу нив долго време постоела фатална привлечност, а тоа што Кемал бил 30 години постар од неа и бил татко на нејзниот сопруг, не ја спречила да се впушти во аферата.

Фото: Instagram/ gokce.bhdr

Според турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со својот свекор. Тој се вратил дома два дена порано од планираното и сакал да ја изненади.

Но, изненадувањето го дочекало него. Веќе на влезот во дворот од својот дом го видел автомобилот на татко му, а кога влегол дома ги затекнал голи додека гледаат телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот