Сопругата на францускиот актер целосно гола на насловната страница на „Photo“

Францускиот актер Венсан Касел и неговата сопруга Тина Кунаки го очекуваат првото дете.

Taa неодамна се фотографирала за насловната страница на магазинот „Photo“ целосно гола. Таа само ги прекрила градите со рацете, а коментарите на оваа фотографија се многу позитивни.

Насловната страница е црно-бела и многу сентиментална. Кунаки ја споделила со своите фанови на Инстаграм, кои останале воодушевени од објавата.

„Прекрасна фотографија“, „Го одзема здивот“, се само дел од коментарите.

Францускиот актер Венсан Касел и манекенката Тина Кунаки се венчаа кон крајот на август минатата година во францускиот град Бидар после двегодишна врска.

View this post on Instagram

OUI!❤️ #24aout2018?

A post shared by Vincent Cassel (@vincentcassel) on

Венсан Касел (51), поранешен сопруг на Моника Белучи, се ожени со својата 30 години помлада избраничка и ангел на Викторија Сикрет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот