Сопругата на Ел Чапо останува во притвор

epa07365317 Emma Coronel Aispuro (C) leaves the building after a verdict was reached in the trial of her husband Joaquin 'El Chapo' Guzman at United States Federal Court in Brooklyn, New York, USA, 12 February 2019. Guzman was found guilty on multiple charges of money laundering, directing murders and kidnappings while he allegedly ran a drug cartel. EPA-EFE/KEVIN HAGEN

Американски федерален судија денеска одлучи сопругата на водачот на мексиканскиот наркокартел, Хоакин Ел Чапо Гузман, да остане привремено во притвор, откако беше уапсена и обвинета за помагање на нејзиниот сопруг да го води картелот, а учествувала и во бегството на Ел Чапо од мексикански затвор во 2015 година.

Ема Коронел Аиспуро (31), сопругата на Ел Чапо и поранешна мис, беше испрашувана преку видео врска пред истражна судијка во Вашингтон, а одлуката на судијата следуваше откако нејзиниот адвокат Џефри Лихтман изјави дека се согласила да биде привремено задржана по синоќешното апсење на меѓународниот Аеродром Далес во државата Вирџинија.

Судијката Робин Мериведер и го прочита обвинението на осомничената, која и се обраќаше на судијката со помош на преведувач.

Мериведер рече дека обвинителството обезбедило доволно причини Ема Коронел засега да остане зад решетки и додаде дека нејзиниот адвокат се согласува со таа одлука.

Сопругата на Ел Чапо беше уапсена синоќа во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти американското Министерство за правда.

Ема Коронел Аиспуро (31), која има двојно – американско и мексиканско државјанство, е обвинета за учество во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана во САД, а наводно на 11 јули 2015 се здружила со уште неколку лица за да му помогне на Ел Чапо да избега од затворот Алтиплано, во Мексико.

Таа веќе била уапсена во Мексико, во јануари 2016 година, под сомнение дека планира да му помогне на нејзиниот сопруг повторно да избега, пред да биде испорачана во САД во 2017 година.

Ел Чапо издржува затворска казна во САД, откако судот во источниот округ на Њујорк го осуди на доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот