Соња Смилеска го промовира новиот роман „Изместена вистина“

Новиот роман „Изместена вистина“ од авторката Соња Смилеска ќе биде промовиран в недела, во салата на Кинотека на Македонија во 12 часот и 30 минути. Ова дело на Смилеска им се придружува на досега објавените нејзини романи „Пред огледалото“, „Топокршачот“, „Црвените чевлички“, „Сонот“, „Затворени на слобода“ и „Изгубени души“.

Најновиот роман „Изместена вистина“ излезе од печат во февруари годинава. Авторката после пензионирањето од Министерството за внатрешни работи црпи инспирација за своите романи кои имаат елементи од криминалистиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот