Сомалија: Шестмина повредени во автомобил-бомба, мета бил турски инженер

Фото: Илустрација/Профимедиа

Иако нема официјален извештај за жртви во нападот, турската амбасада соопшти дека државјани на турција се повредени во експлозијата.

Шест луѓе се повредени во експлозија на автомобил бомба во близина на главниот град на Соламија, Могадишу.

Според локалната полиција, мета на нападот бил турски инженер кој работел на изградба на патиштата во Сомалија.

Иако нема официјален извештај за жртви во нападот, турската амбасада соопшти дека државјани на турција се повредени во експлозијата.

-Засега знаеме дека тројца турски инженери се повредени, но и нивниот преведувач. Исто така, во експлозијата повредени се двајца сомалиски полицајци, соопшти амбасадата на Турција во Могадишу.

Досега никој не презеде одговорност за експлозијата, иако неофицијално станува збор за дело на милитантната подгрупа на Ал-Каеда, ал Шабаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот