Солскјер бара прошка од навивачите

Манчестер јунајтед доживеа вистински дебакл во 35. коло од Премиер лигата, губејќи со 4:0 на гостувањето кај Евертон. Менаџерот Оле Гунар Солскјер изјави дека неговиот тим бил лош во сите делови од фудбалската игра.

– Бевме поразени во сите делови од играта. Единствен сегмент во кој го победивме Евертон, ако може така да се каже, е поддршката која ја имавме од трибините. Затоа сакам да им се извинам на сите навивачи за тоа што им го приредивме. Имавме период на добри резултати. Тешко е да се влезе меѓу најдобрите четири екипи, не зборуваме за освојување на титулата. Пред нас е многу работа, мораме да се подготвиме за финишот од сезоната – изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед со поразот од 4:0 постави уште еден клупски антирекорд по бројот на примени голови во една сезона. „Црвените ѓаволи“ досега примија дури 48 голови, со што екипата која сезонава ја предводеа Солскјер и Жозе Мурињо го надмина неславниот рекорд од сезоните 1999/00 и 2001/02, кога примија по 45 голови.

Оваа бројка може да се зголеми бидејќи во наредните два натпревари, Манчестер јунајтед го очекуваат дуели со градскиот ривал и со Челси во директна пресметка за четвртата позиција која носи пласман во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот