Солиден учинок на Димитријевиќ – Уникс Казан води со 2:0 во четвртфиналето против Парма Перм

Ненад Димитријевиќ („Уникс Казан“)/фото: Ксения Богданова (БК УНИКС)

Уникс Казан поведе со 2:0 во плеј-оф серијата од четвртфиналето во руската кошаркарска ВТБ лига против Парма Перм откако славеше убедливо со резултат 94:59.

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ во триумфот за нешто повеќе од 24 и пол минути игра на паркетот забележа осум поени и девет асистенции.

Кај неговите тимски колеги најрасположен беше Дерил Мекон со 16 поени, а на спротивната страна 18 коша беа дело на Џастин Робертсон, еден поен повеќе од Данила Походиаев.

Новиот меч меѓу Парма Перм и Уникс Казан ќе се игра на 6 април.

ЦСКА Москва на македонскиот тренер Емил Рајковиќ исто така има предност од 2:0 во серијата против Саратов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот