Софискиот и Битолскиот Универзитет заедно ќе го чествуваат патронот Св. Климент во духот на европските вредности

Софиски универзитет Св. Климент охридски/ Фото: Profimedia

Софискиот универзитет и Битолскиот универзитет, кои се од двете страни на границата, оваа освен академската мисија, го споделуваат и името на книжевникот, учителот, епископот, Великиот Св. Климент Охридски, оваа година заедно ќе го празнуваат патрониот празник, кој во Бугарија се чествува на 25 ноември, а во Република Северна Македонија на 8 декември 2020 година, објави универзитетот Св. Климент Охридски во Софија на својата официјална интернет страница.

Ректорите професор д-р Атанас Герџиков од Софискиот Универзитет Сб. Климент Охридски и професор д-р Сашо Коруновски од Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола ќе имаат свои видео обраќања. Двата универзитети ќе организираат заедничка научна интердисциплинарна конференцина на тема „Мерења на компетентноста“ на 2,3 и 4 декември во Софија, организирана од научен програмски и организационен комитет, со учество на млади предавачи и истражувачки, а крајна цел е издавање на заеднички зборник со трудови.

Зајакнувањето на академската соработка во пресрет на големиот празник на двата универзитети е во духот на европските вредности и придонесува за зајакнување на добрососедските односи. Празникот и за двата универзитета е повод и одлична можност за испраќање пораки до академската заедница, што ќе биде поттик за зајакнување на меѓусебната соработка. Додека кохезијата преку образованието, науката, создавањето позитивна клима и поволно разбирање за поголема кохерентност преку размена на знаење, искуство, но и размена на млади луѓе, студенти и универзитетски персонал е еден од меѓусебно договорените приоритети за време на средбата на врвот на двете страни во Берлинскиот процес во Софија, во кој обете страни се во улога на домаќини.

Активностите во чест на заедничкиот покровител, како и други дополнителни активности што ќе следат, се засноваат на потпишаниот Меморандум за разбирање и се дел од договорот постигнат во март годинава за време на состанокот меѓу двете универзитетски делегации во Софија, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски од македонска, а од бугарска страна – ректорот проф. д-р Анастас Герџиков и проректорот проф. д-р Николај Витанов.

Сите овие групи активности се поврзани со зајакнување и унапредување на билатералната соработка: размена на знаење и искуство, соработка во повеќе области од заеднички интерес како што се настава, истражување, заеднички публикации, размена, мобилност на персонал и студенти, организирање на предавања на гости -лектори, заеднички настани, конференции, тркалезни маси и други форуми, посети на гостувачки професори и особено подготовка на апликации со проекти и учество во заеднички проекти во рамките на европски и други програми за заедничко академско и научно истражување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот