Софија Вергара: Не сакав во мојот живот да влезе кој било маж, затоа морав да испробам повеќемина

Instagram

Софија Вергара е една од најплатените телевизиски глумици на денешницата, која својот животен сон – да стане стоматолог уште како тинејџерка го заменила со работа како модел, а потоа и со глума. Поради изгледот и сексапилот долго ѝ требало да почне да добива нормални улоги. Денес е на врвот на кариерата, конечно среќна и приватно и деловно.

Родена е во колумбискиот град Баранкила во католичко семејтво. Кога имала 17 години на локалната плажа ја забележал еден фотограф и во неа видел огромен потенцијал. Така, наместо да се оствари како стоматолог, што ѝ бил сон од детството, Софија станала модел. Кампањите и рекламите се нижеле една по друга, добила можност да работи и како водителка во колумбиско телевизиско шоу, но во 1998 година нејзиниот живот целосно се сменил.

Фото: Инстаграм

Таа година нејзиниот брат бил убиен, а таа со семејството се преселила во Мајами. Таму морала да почне сѐ од почеток. Ја доживувале како убава девојка, која освен изгледот, нема што многу да покаже. Сепак, Софија докажала дека напорната работа на крај се исплатува.

Во 1990 година се омажила со Џо Гонзалес, нејзината средношколска љубов и две години подоцна го родила синот Маноло. Нивниот брак не опстанал и по една година секој тргнал по својот пат, а Софија продолжила да го воспитува синот како самохрана мајка.

Во 2000 година ѝ бил откриен рак на штитната жлезда и морала да се оперира.

Љубовниот живот ѝ бил прилично бурен

Била во врска со Крис Пачиело, член на банда, кој бил уапсен за убиство и кому Софија му пратила гаранција од 15 милиони долари. Потоа со колумбискиот „крал на дрогата“ Андрес Лопез, а понуда за брак наводно добила и од Том Круз, но не ја прифатила.

Instagram

Ни врската со вереникот Ник Лоеб не завршила славно. По раскинувањето се нашла на суд бидејќи Лоеб сакал да ги искористи двата ембриона кои со Софија ги сочувале во клиника во периодот кога нивната љубов била најголема, надевајќи се дека еден ден ќе можат да добијат деца со вештачко оплодување. Лоеб одлучил да ги искористи и се договорил со сурогат мајка да ги роди, но Вергара се одлучила за тужба во обид да го спречи да го направи тоа.

Софија и Џо Манганиели/Instagram

Во 2015 година Софија се венчаше со Џо Манганиели на гламурозна церемонија на Флорида пред 400 гости. И денес се една од најубавите двојки помеѓу богатите и популарните.

Не сакав во мојот живот и во животот на мојот син да влезе кој било маж, затоа морав да испробам повеќемина. Конечно знам што сакам, а во љубовта никогаш не можеш да знаеш што и како ќе се случи, но мислам дека по подолго време барање го најдов она што го барав и дека тоа навистина ќе биде како од бајката за Пепелашкасреќни до крајот на животот“, рече Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот