Соединетите држави засега не планираат да ги признаат талибанските власти во Авганистан

Белата куќа ја отфрли секоја можност САД или нивните сојузници во моментов да ги признаат талибанските власти во Авганистан.

„Да бидеме јасни.  САД и нивните меѓународни партнери за сега немаат намера да ги признаат „талибанските власти“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Американските власти се во редовен контакт со Талибанците додека САД се обидуваат да ги евакуираат луѓето од Авганистан до 31 август, кога е планирано целосно повлекување на американските сили.

Неименувани американски претставници претходно изјавија дека Талибанците побарале од САД да го задржат дипломатско присуство во Авганистан по 31 август, кога се планира целосно повлекување на американските сили од таа земја.

Според истите извори, Вашингтон се уште нема донесено одлука дали ќе задржат одреден дипломатски персонал во Кабул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот