Со скенирање сметки до 50.000 евра: Од 15 декември стартува наградната игра МојДДВ

Фото: МИА

Од 15 декември ќе стартува доделувањето на вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ.

Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда ќе трае една година, како што соопштија од Министерството за финансии, а за тој период ќе се доделат две премии од 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.

– Дневните награди ќе се извлекуваат со електронски генератор, а на апликацијата МојДДВ на секој добитник ќе му стига порака која сума ја добил. Доколку нема награда, на апликацијата ќе стигне едукативна порака, во духот на финансиската едукација – велат од Министерството за финансии.

На месечно ниво ќе има 12 кола на извлекување, а сите сметки кои биле скенирани, а не биле добитни за дневни награди, ќе учестуваат во месечното извлекување. Двете главни награди ќе бидат во вредност од 50.000 евра и тоа едната ќе биде извлечена во март, а другата на крајот на наградната игра во декември 2020 година. За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од 50.000 евра, ќе има јавни извлекувања, појаснуваат од Финансии.

Целта на МојДДВ #МојаНаграда, како што кажа министерката за финансии Нина Ангеловска вчера на прес-конференција е да биде засилување на мерката МојДДВ – која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. Таа посочи дека МојДДВ #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ.

– При дизајнирањето на #МојаНаграда биле земени најдобрите практики од другите земји, од извештаи на Европската комисија. Таа посочи дека покрај сузбивањето на сивата економија, преку наградната игра ќе се врши и финансиска едукација на граѓаните и подигање на даночниот морал преку едукативни пораки – рече Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот