Како и милиони луѓе ширум светот, и Северина новата година ја дочека во топлината на домот, таа прославуваше во станот во Загреб во друштво на мајка ѝ Ана, која истовремено го славеше и нејзиниот роденден.
„Тито и јас. Среќен роденден, мамо и нека на сите ни е старонормална Нова…“, напиша Северина.
На своите фанови Северина им откри дека во прославата им се придружил и нејзиниот син Александар, а успеа и да објави фотографија со него без да ја прекрши забраната.
„Синоќа кога си легнавме, само шепна: Ти си најдобрата мајка на светот…“, напиша Северина минатата недела под серијата фотографии.