Со лесни симптоми и во самоизолација: Лидерот на косовската опозиција Албин Курти е позитивен на ковид-19

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување (ВВ) и поранешен премиер на Косово, Албин Курти е позитивен на ковид-19. Во објава на неговиот Фејсбук профил, тој наведе дека имал лесни симптоми и дека наредните две недели ќе биде во самоизолација.

– Завчера имав одредени симптоми како лесна главоболка, мала кашлица и болки и црвенило на очите. Вчера направив тест за ковид-19 и резултатот е позитивен. Во наредните две недели ќе бидам во самоизолација, напиша 45-годишниот Курти на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот