Со Гризман на теренот, Барселона има само 10 играчи

EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Легендарниот напаѓач на Барселона, Христо Стоичков не е голем фан на играта на Антоан Гризман. Поранешниот голгетер смета дека Гризман дури повеќе одмага отколку што помага на теренот.
– Секогаш кога Гризман е на теренот, Барселона игра со десет играчи. Доколку сакаат нешто да направат на долги патеки, тогаш мора да го продадат Гризман. Тринкао и Брајтвајт мора да бидат во тимот, но што по ѓаволите прави Гризман? – вели Стоичков.
Гризман сезонава игра подобро од минатата, постигна 12 гола, но во неговата игра има премногу подеми и падови што според Стоичков не смее да се случува со фудбалер кој е платен 120 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот