Снимки од дрон ја покажуваат штетата од пожарот во Чернобил: „Ова е војна на човекот и природата“ (ВИДЕО)

Фото: Profimedia

Снимките ги направи украинскиот режисер Станислав Карпалов, кој потоа ги објави на ЈуТјуб.

Страотни последици од пожарот во зоната на некогашната нуклеарна електрана Чернобил во Украина се снимени со беспилотно летало, пренесуваат украинските медиуми.

На снимката се гледаат хектари запалена шума и напуштени објекти.

Украинскиот режисер Станислав Карпалов, кој ја направи снимката, ја објави на ЈуТјуб.

 

„Глетка на апсолутна апокалипса. Сакав да ја пренесам атмосферата на она што го видов што е веќе можно. Во изминативе 30 години човечко отсуство во зоната Чернобил, флората и фауната оживеаја и станаа она што биле пред 150 години, дури и покрај зрачењето. Сега голем дел од тоа препородено е повторно уништено. Ова е војна на човекот и природата“; напиша авторот на својата Фејсбук страница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот