Словенија ги отвори сите плажи, меѓутоа под строги правила и мерки

Фото: Миа.мк

Во Словенија од денеска, под строги правила и превентивни мерки, се отворени сите плажи долж крајбрежјето, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Националниот институт за јавно здравје објави дека поради спречување на ширењето на коронавирусот на плажите растојанието меѓу луѓето не смеа да биде помало од 1,5 метар, додека во вода тоа мора да биде два метра. Исто така во вода не смее да има групирање на луѓе, повеќе од двајца доколку тие не се дел од исто семејство или домаќинство.

Дополнително операторите на плажите мораат да се грижат за редот, а капацитетот на капалиштата да биде во согласност со препораките на институтот.

Доколку гостите сакаат да одат во тоалет, тоа мораат да го прават исклучиво носејќи заштитни маски, а внатрешните делови на угостителските објекти на плажите ќе мораат редовно и целосно да се дезинфицираат.

Словенечките власти објавија дека набрзо ќе бидат отворени и поголем дел од хотелите и сместувачките капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот