Словенија ги отвори градинките и училиштата

Фото: Профимедиа

Од денес отворени се и установите за престој и образование на деца со посебни потреби.

Во Словенија денеска децата се вратија во градинските, а дел од учениците почнаа со настава, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Градинките во кој важат строги правила со цел спречување на ширењето на коронавирусот од утрово ги отворија вратите за децата, кои повеќе од два месеца беа дома.

Повторно работат и училиштата, но само за учениците од прво, второ, трето и девето одделение. Според словенечкото Министерството на образование, утрово во училиште дошле вкупно 64.497 ученици, односно 34,5 отсто од вкупниот број основци во земјата.

Од денес отворени се и установите за престој и образование на деца со посебни потреби.

Инаку, според одлуката на Националниот институт за јавно здравје, наставниците и предавачите ќе мораат да носат заштитни маски, а просториите треба комплетно да се дезинфицираат неколкупати во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот