Сликај го Скопје и освој една од наградите со вкупна вредност од 100.000 денари

Од второто издание на Skopje Light Art District / Скопје, мај 2019/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Петта година по ред, Скопје е домаќин и инспиратор на најдобрите фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност.

Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките зазаштита од ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе се реализира благодарение на современататехнологија (Online), а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници.

Овој меѓународен настан може да се следи во живо на светски и домашни експерти, а учесниците бесплатно може да се регистрираат на овој линк:

https://www.facebook.com/events/407702710250436/

Истовремено би сакале да информираме дека Skopje Photo Week објавува Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол”.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Напомена: фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, фотки без мета дата нема да влезат во изборот)

Повеќе информации може да се најдат на: http://skopjephotoweek.com/foto-konkurs/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот