Следната недела ќе се знае дали и колку ќе поскапат струјата и парното

Според Бислимоски, драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски изјави дека во текот на јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата со корона кризата и нивните предвидувања во делот на потрошувачката и трошоците кои, како што рече, во одреден дел се зголемуваат.

Според Бислимоски, драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.

–  Тоа е од причина што нема продажба на Електрани на Северна Македонија на вишокот на електрична енергија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, рече Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот