Славната холивудска дива повторно помина ноќ зад решетки (ФОТО)

профимедиа

Актерката и активистка Џејн Фонда ја помина ноќта во затвор по четвртото апсење во исто толку недели демонстации за борбата против климатските промени во кои учествуваше во Вашингтон.

Актерката која има 81 година, била меѓу повеќе од 40 илјади уапсени во петокот додека седеле во атриумот на деловната зграда на Сенатот.

Портпаролот на движењето „Пожарна вежба во петок“ Ајра Арлук изјави дека Џејн Фонда е единствена од успешните која ја помина ноќта во затвор, четврти пат во текот на досегашните демонстрации, пренесува АП.

профимедиа

Арлук изјави дека таа вчера попладне се појавила пред судијата во Големиот суд и тогаш била ослободена.

Фонда изјавила дека планира да биде апсена секој петок додека се залага за намалување на употребата на фосилни горива кои се штетни за климата.

Таа најави дека секој петок до јануари ќе учествува во преземањето на акциите за спречување на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот