Скубе: Нема да плачеме поради проблемите со кои се соочуваме

facebook.com/rkvardar

Словенечкиот плејмејкер и еден од клучните играчи на македонскиот и европски шампион вели дека и покрај финансиските проблеми ќе се дојде до решение.

Ракометарите на Вардар ги очекува најважниот дел од ракометната сезона. По оваа пауза поради коронавирусот, играчите на Европскиот шампион ќе ги имаат завршните дуели со ПИК Сегед во Л.Ш и со Нексе во СЕХА, па доколку сакаат да играат и понатаму во овие натпреварувања ќе треба да одиграа најдобро што знаат.

Скубе, еден од најискусните во Вардар, вели дека мораат да бидат реални, а потенцираше дека доколку даваат 200% на секој меч ќе биде многу подобро на теренот, пренесува „Вардар фанс“.

– Мислам дека оваа сезона е најтурбулентната во историјата на клубот. Почнавме одлично со три победи и потоа многу нешта се случија – промена на тренери, финансиски проблеми и заминувања на играчи, па ние сите тоа го почувствувавме. Ако ги земеме во предвид сите овие фактори, овој резултат е реален – вели Сташ за официјалниот сајт на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

– Мораме да бидеме реални. Тимот што лани стигна до титулата не може да се споредува со овој сега, па не можеме да очекуваме повторување на ланското сцнеарио. Но, ако немавме срце и карактер, немаше да бидеме шампиони лани и клубот немаше да постои. Ситуацијата е навистина тешка, но ние даваме 200% од себе, така ќе биде до крајот на сезоната и нема да плачеме поради проблемите со кои се соочуваме. Верувам дека ова ќе заврши во позитивна насока – додаде словенечкиот плејмејкер.

Потсетување дека се откажани натпреварите на македонскиот и европски шампион во СЕХА Газпром лигата и Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот