Скопје се најде меѓу најевтините градови за живот на странците

НЕ КОРИСТЕТЕ
НЕ КОРИСТЕТЕ

Според најновото истражување на Mercer за рангирањето на градовите од целиот свет за тоа кои се најскапи, а кои најевтини градови за луѓето кои работат во странство, а во една од листите се најде и Скопје.

Хонг Конг е најскапиот град во светот за луѓето кои работат и живеат во земја, која е различна од нивната татковина, се вели во најновото истражување според кое азиските градови продолжуваат да доминираат како места со особено високи трошоци за живот за странци.

Истражувањето е на компанијата за човечки ресурси Mercer која проценува над повеќе од 200 стоки во 209 различни градови.

Осум од десетте најскапи градови се наоѓаат во Азија. Хонг Конг е рангиран на прво место втора година по ред, по што следат Токио, Сингапур, Сеул и Цирих во првите пет.

Топ 10 најскапи градови за странци

  1. Хонг Конг
  2. Токио, Јапонија
  3. Сингапур
  4. Сеул, Јужна Кореја
  5. Цирих, Швајцарија
  6. Шангај, Кина
  7. Ашхабад, Туркменистан
  8. Пекинг, Кина
  9. Њујорк, САД
  10. Шенжен, Кина

На другата страна од истражувањето или во градовите каде што е најевтино за странците – се градот Тунис – главниот град на Тунис, а според истражувањето следат Ташкент, Узбекистан и Карачи, Пакистан.

Топ 10 најевтини градови за странци

  1. Тунис, Тунис
  2. Ташкент, Узбекистан
  3. Карачи, Пакистан
  4. Бишкек, Киргистан
  5. Виндхук, Намибија
  6. Банџул, Гамбија
  7. Исламабад, Пакистан
  8. Тбилиси, Грузија
  9. Скопје, Македонија
  10. Манагва, Никарагва

[foogallery id=”43745″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот