Скопје домаќин на Министерска конференција за одржливо управување со миграции

Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Скопје денеска и утре е домаќин на Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во организација на Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Во рамки на конференцијата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што најавуваат од ресорното Министерство, ќе оствари повеќе билатерални средби со колегите од регионот.

За денеска попладне е најавена средба на Спасовски со министерот за безбедност на Босна и Хецеговина, Селмо Цикотиќ, а утре со првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Чешката Република, Вит Ракушан и со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот