Скопјанец починал при извршување градежни работи на патот Охрид-Ресен

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Во саботата на местото викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат четириесет и седумгодишниот А.И. од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот