СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Армијата на Инстаграм објави фотографија од нацистичка униформа (ФОТО)

Фото: Профимедиа

На официјалниот Инстаграм-профил на германската војска осамна фотографија од униформа на Вермахтот со нацистички обележја. Оние кои ја објавиле сликата на која има два „кукасти крста“, одликување за војници ранети во Втората светска војна, ја „зачиниле“ со назнаката „ретро“ и еден невкусен коментар: „И модата е еден аспект. Војничките стилски елементи до денес се оддржаа во висока мода“, пренесува германските медиуми.

Откако германски „Билд“ побарал информации за оваа објава од Министерството за одбрана, фотографијата е отстанета, но без било какво објаснување, за потоа надлежните да се извинат.

Портпаролот на војската Кристијан Тилс изјави дека објавувањето на фотографијата е „неприфатлива грешка“ и дека Министерството се извинува поради тоа.

Тилс додаде дека униформата е всушност костим кој го носел холивудскиот актер Том Круз во филмот „Валкири“, за потоа таа да биде изложена во еден музеј во градот Дрезден.

Тој додаде дека ќе има „последици за одговорните“.

Претставникот на Бундесверот (германското име за војската) на прашање на новинарите, подоцна наведе дека текстот под фотографијата бил „двосмислен“, а дека приказната е „непромислена, односно нечувствителна“.

Инстаграм-профилот е дел од медиумската офанзива на Бундесверот. Се повеќе офицери од висок ранг имаат профили на Инстаграм, а освен тоа, Бундесверот веќе подолго време објавува серијали на Јутјуб во обид да ги регрутира младите во земјата.

 

Фото: bundeswehr/instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот