Скандал во белградска фирма: Шеф наводно му го одгризал увото на вработен по вербална расправија

Српска полиција/ Фото: МИА

Вработен во фирма од Белград тврди дека неговиот шеф му го одгризал увото по вербална расправија, додека газдата ги негира таквите наводи. Како што дознава српски „Курир“ минатиот петок во белградската фирма „МВС Градња“ газдата при расправија гризнал за уво вработен во фирмата.

Повредениот работник Михајло Гвозденовиќ (24) за српски „Курир“ тврди дека откако дал отказ, газдата на фирмата го нападнал затоа што останал без работна сила, сопственикот на „МВС Градња“ Милован Ковиниќ тоа го демантира и тврди дека конфликтот го предизвикал и започнал Гвозденовиќ откако му било кажано дека ќе биде пријавен и разрешен поради кражба.

За оваа случка најпрвин за српските медиуми се пожалил повредениот Михајло Гвозденовиќ, кој пред неколку месеци од Косово дошол на работа во Белград. Тој го обвинил Милован Ковиниќ, сопственикот на фирмата во која бил вработен и кого го нарекувал свој шеф, дека на последниот ден од отказниот рок го нападнал, со глава го удрил во вилицата и го гризнал за уво, откинувајќи го речиси половина од неговото уво.

Милован Ковиниќ, пак, негира дека го удрил работникот и тврди дека Гвозденовиќ бил тој кој што го нападнал.

– Фирмата поднесе пријава против него за кражба на кабли бидејќи се работи за голема сума пари. Ја префрли вината на другите и сакаше да биде жртва, а во петокот дури и ме нападна. Повикавме полиција и имаме сведоци кои потврдија што се случило. Истрагата е во тек – кратко изјави Ковиниќ за српски „Курир“.

Од компанијата велат дека Гвозденовиќ формално сѐ уште не е поранешен вработен, бидејќи кај работодавачот се водат процедури пред отказ, „поради инцидент предизвикан од работникот пред истекот на работното време“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот