Скандал: Најдобрата кинеска тенисерка обвини поранешен заменик премиер за силување

Пуаи Пенг беше најдобра тенисерка во игра во двојки/ фото: EPA-EFE/FRANCIS MALASIG

Позната кинеска тенисерка Шуаи Пенг (35) ја крена јавноста на нозе со изјавата дека била силувана од страна на Занг Гаоли, поранешен заменик премиер на Кина и пензиониран висок член на комунистичката партија на Кина.

Шуаи Пенг веста за силувањето ја објави на кинеската социјална мрежа Веибо, но истата веднаш беше избришана. Сепак западните медиуми дојдоа до веста која е забранета во Кина и Шуаи Пенг стана тенисерка вест број еден на денот.

Ова е прво обвнинување на сметка на високопозициониран кинески политичар, Занг (75) беше заменик на премиерот од Кина од 2008 до 2018 година.

„Тоа попладне не дадов согласност и не можев да престанам да плачам. Ме доведе во неговиот дом и ме натера да имаме однос. Немам докази и не е возможно да дојдам до такво нешто. Секогаш се плашеа да не носам со себе нешто како касетофон или да не снимам. Нема аудио ниту видео записи, само моето искривено, но вистинито искуство“, напиша Пенг.

Шуаи Пенг е специјалистка за игри во двојки, таа беше најдобра на светот во 2014 година, а играше и во финалето на УС Опен во поединечна конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот