Сити го понижи новиот шампион, го испрати Ливерпул со четири гола во мрежата

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа новиот шампион Ливерпул со 4:0 во дербито на 32. коло од Премиер лигата.

Новиот шампион на Англија, Ливерпул кој го презеде трофејот токму од Сити, беше прегазен на „Етихад“.
Јунак во триумфот беше поранешниот играч на Ливерпул, Рахим Стерлинг кој во убедливиот триумф од 4:0 „учествуваше“ со еден гол, а покрај тоа често си поигруваше со дефанзивците на „црвените“.

Гол серијата на Манчестер сити ја отвори Кевин де Брујне во 25. минута откако Стерлинг беше фаулиран од Џо Гомез.
До крајот на првото полувреме мрежата Алисон ја затресоа уште и Стерлинг и Фоден, додека конечниот резултат го постави Алекс Окслејд Чембрлен со автоголот во 66. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот