Сите информации поврзани со коронавирусот во Србија ќе ги пренесува Кризниот штаб

Српската влада донесе одлука дека за сите информации во врска со коронавирусот е исклучиво задолжен Кризниот штаб на чие чело е премиерката Ана Брнабиќ, пренесува Н1.

„Сите известувања за јавноста ги дава претседателката на Владата или лицата кои ќе ги овласти Кризниот штаб“, се наведува во Заклучокот на Владата од 28 март, кој е објавен во Службениот весник од вторникот.

Во Заклучокот се вели дека сите градоначалници, претседатели на општините и штабовите за вонредни состојби во единиците на локалната самоуправа сите информации во врска со новиот вирус во нивните места ги испраќаат исклучиво и само на Кризниот штаб. Истото треба да го прават и сите здравствени установи, здравствени работници или правни лица кои извршуваат здравствена дејност.

Владата на Република Србија предупредува дека сите известувања за преземените здравствени мерки и други информации дадени од страна на „неовластени лица“ не може да се сметаат за „точни и проверени“, а против оние кои ги даваат таквите известувања можна е примена на „прописи кои се однесуваат на одговорност и правни последици за ширење дезинформации во период на вонредна состојба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот