Син на руски гувернер побегнал од домашен притвор во Италија

Италијанска полиција/Фото: EPA-EFE/Andrea Fasani

Артем Ус, син на гувернерот на регионот Краснојарск, побегнал од домашен притвор во Италија само еден ден откако судот се согласи да го предаде на американските власти. Ус е обвинет за шверц на воена технологија, а бил уапсен на аеродромот Малпенса во Милано врз основа на меѓународна потерница во октомври минатата година, пишува „Гардијан“.

Италијанските власти веруваат дека Ус ја скршил електронската нараквица и потоа го напуштил својот дом во градот Касина Вионе ди Базиљо. Американските обвинители минатата година го обвинија Ус и четворица други руски државјани за испраќање воена технологија купена од американски производители до руски клиенти, при што дел од споменатата воена технологија заврши на бојното поле во Украина.

Истражителите тврдат дека обвинетите користеле германска компанија за испорака на технологијата. Ус е обвинет и за испорака на нафта од Венецуела во Русија и за банкарска измама. Апелациониот суд во Милано во соопштение во вторникот рече дека се согласил да го екстрадира Ус за шверц на нафта, а не за шверц на воена технологија, наведувајќи дека нема докази.

Неговиот адвокат можел да поднесе жалба до највисокиот италијански суд за да се обиде да спречи неговиот клиент да биде екстрадиран во САД. Италијанските истражители стравуваат дека Ус веќе ја напуштил земјата. Кога италијанската полиција пристигнала во неговиот стан за да провери дали е дома, ја нашла вратата затворена, а телевизорот бил оставен влкучен. Инспекторите не ја исклучуваат вмешаноста на руската разузнавачка служба во бегството на Ус.

За време на судењето, адвокатите на Ус сугерираа дека неговото апсење и екстрадиција ќе бидат насочени кон „размена на затвореници“. Тие тврдеа дека САД се заинтересирани да обезбедат од Москва ослободување на Пол Вилан, поранешен американски маринец кој бил осуден на 16 години затвор во Русија во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот