Симов: Жалам што Ѕинго не е тука со нас да се израдува на овој пехар

Актуелен победник на Купот на Македонија е Силекс/ фото: ФФМ

Екипата на Силекс вечерва по трет пат триумфира во Купот на Македонија откако во финалето по подобро изведување на пеналите ја совлада Академија Пандев со 4:3. Ова воедно претставува прв триумф за Силекс во Купот по пауза од 24 години, а тренерот на кратовци, Горан Симов, триумфот му го посвети на поранешниот сопственик Љубисав Иванов Ѕинго кој почина кој крајот на минатата година.

– Ова е божја волја. Иако ништо не е случајно затоа што овие момци се херои. Минатата сезона стигнаа до Лигата на шампионите, а сега по толку години повторно носат трофеј за Кратово. На сите само ни е жал што Љубисав Иванов Ѕинго не е тука со нас да се израдува на овој пехар. Силекс е мој втор дом. Освоив пехар со него како играч, а сега остварувам уште еден сон. Но, трофејот во купот веднаш го забораваме, затоа што ни следи меч за опстанок во Првата лига. Силекс не смее да си дозволи да испадне од прволигашкото друштво. Имаме тешка сезона зад нас во која одиме од очајот до сјајот – изјави Симов.

фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот