Силно невреме со бранови високи  5,5 метри во Дубровник, во Сплит ветерот соборува дрвја врз автомобили (ВИДЕО)

Според информациите на Хрватскиот хидрографски институт, во регионот на Дубровник се забележани бранови високи до 5,5 метри. Во Хрватска падна и големо количество дожд, па има поројни поплави.

Сцени од поплавени улици во Книн беа објавени на Фејсбук страницата „Паметни згоди и незгоди“.

Видеа од невремето се споделуваат и на други социјални мрежи.

Според временската прогноза силниот јужен ветер ќе ослабне во текот на ноќта и ќе се претвори во слаб ветер од западен и северозападен правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот