Силен земјотрес го стресе Крит

Силен земјотрес на Крит/Извор: ЕМСЦ

 Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди брегот на грчкиот остров Крит, на 89 километри од Ираклион, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Претходно беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени, но подоцна центарот ја зголеми вредноста на 6,1.

Земјотресот е регистриран во 05.08 часот по средноевропско време. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 75 километри јужно од главниот град на островот Ираклион на длабочина од 67 километри.

Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот