Швајцарската полиција тајно шпионирала во Австрија

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Швајцарската гранична полиција тајно спровела надѕор и следење на лица на територијата на Австрија.
Во рамките на акцијата „Кнобил“, според пишувањето на дневникот „Блик“, швајцарските полицајци четири дена, облечени како цивили, во австриската покраина Форарлберг, ги шпионирале своите граѓани.

Причина за акцијата, со која не биле запознати австриските власти, всушност било поради тоа што во Форарлберг се наоѓаат повеќе продавници во кои сосема легално се продава семе од марихуана, како и опрема за одгледување на канабис.

Во Швајцарија, увозот за одредени производи од коноп е забранет.

Швајцарските полицајци ги шпионирале муштериите од Швајцарија во продавници во Австрија, им ги запишувале регистрациите на автомобилите и ги проследувале во систем, за подоцна автомобилите кои биле следени да бидат запрени на граница.

Австрија не знаела ништо за акциите на швајцарската полиција, а немало ниту да ја одобри, бидејќи швајцарските клиенти во споменатите продавници не го кршат законот.

Целата кација, која се одвивала тајно, испливала во јавноста откако еден полицаец бил запрен на граница со семе од коноп во багажот.

Полицаецот се жалел на дејствувањето на своите гранични колеги и коментално во Швајцарија се размислува за дициплински мерки против граничните „шпиони“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот