Што се обидува да сокрие Доналд Трамп од јавноста? Белата куќа го блокираше сведочењето од водечкиот американски лекар

Фото: EPA / Molly Riley

Најновите во низа несогласувања меѓу Трамп и Фаучи се поврзазни со државата Џорџија.

Д-р Ентони Фаучи, кој честопати се спротивставуваше на Трамп, а во последните неколку недели работеше и како „лектор’ на изјавите на претседателот на САД, нема да може да сведочи пред Конгресот, во процесот кој е покренат од еден од конгресните поткомитети, а е поврзан со начинот на кој се бори администрацијата на Трамп против коронавирусот.

Неговото сведочење беше блокирано токму од Белата куќа.

Др. Ентони Фаучи и Доналд Трамп / Фото: ЕПА

– Додека целата администрација работи заедно на  борбата против коронавирусот – вклучително и безбедно отворање (покренување на економијата) на Америка и напредок во развојот на вакцините – би било контрапродуктивно секој да сведочи индивидуално пред Конгресот, рече заменик државниот секретар на Белата куќа, Џад Дир.

Сепак, сведочењето нема да биде претставува проблем бидејќи се очекува д-р Фаучи да се појави пред Конгресот во месец мај и тоа пред Комитетот на републичкиот одбор, на кој ќе се разговара колку досега е направено за борбата против овој вирус.

Најновите во низа несогласувања меѓу Трамп и Фаучи се поврзазни со државата Џорџија.

Трамп го поддржа отворањето на економијата на државата и промените кои се воведуваат, а се поврзани со олабавувањето на рестриктивните мерки,  додека д-р Фаучи е загрижен за овие потези:

– Мислам дека не е добро да се прескокнуваат одредени фази, а овие олеснувања на рестрикциите го прават токму тоа- изјави д-р Фаучи.

И ова е само едно во низата несогласувања, по несогласувањето околу лекот хлорокин, евентуално враќање на вирусот, (не) соодветни цитати за медиумите и многу други теми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот