Што прави денеска: Ивица Димитријевиќ, актер, режисер и музичар

Ивица Димитријевиќ
Ивица Димитријевиќ / Фото: Стефан Самандов/Данила Амодено

Ивица Димитријевиќ е македонски актер, режисер, музичар и концептуален уметник кој постојано твори. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владо Цветановски.

Од 2007 до 2001 година работел во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а од 2011 година е дел од Македонскиот народен театар во Скопје.

Јавноста го памети Ивица по бројните филмски улоги, како Филип во „ТМ“, комитата Стојан во „До Балчак“, Проф во „Трето полувреме“, а беше дел и од телевизиските серии „Преспав“ и „Фамилија Марковски“.

Ивица Димитријевиќ
Ивица Димитријевиќ / Фото: Стефан Самандов

Покрај театарските и филмските улоги, Димитријевиќ бил дел и од многу телевизиски реклами и фестивали, а бил дел и од неколку музички групи.

Го прашавме како отприлика изгледа еден негов ден…

„Се будам во 7 часот. По утринските подготовки, го носам мојот син Ноа Дада во градинка.Следи кафе и сурфање на интернет. Доколку имам проба во театар, одам на проба. А, доколку немам проба, гледам да ги завршам сите работи за кои не сум имал време претходно – да се видам со пријатели, да одам на состаноци итн.

Ивица Димитријевиќ
Ивица Димитријевиќ / Фото: Данила Амодено

Таман сум се свртел, веќе дошло времето да го земам Ноа Дада од градинка и да одиме на кратка прошетка. Потоа е време за ручек, кој кога имам време секогаш го готвам. Ручек со сопругата Кристина и Ноа Дада. Кафе и краток одмор.

Потоа, повторно даоѓа времето за „ако“ (се смее). Ако имам претстава, се припремам кратко и одам на претстава, а ако немам – следат активности со Ноа Дада, сѐ дур не заспие.

Ивица Димитријевиќ
Ивица Димитријевиќ / Фото: Данила Амодено

Во случај да сум имал престава, се враќам и, ако не сум многу уморен, гледам филм, слушам музика, читам или работам на некој од проектите кои ми се во процес или во прогрес. Кога немам претстава, сѐ е исто од претходната реченица, само се започнува малку порано некаде накај 21 часот и ретко кога завршува пред 2 часот наутро.

Во меѓувреме, знам да испијам уште некое кафе (се смее). Ова би бил, да кажеме, еден мој просечен ден, но секако дека има многу варијации на истиот и уште мал куп работи кои ги правам и се случуваат во тек на денот.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот