Што после коронавирусот? Започнува „втората фаза“ – Овие земји во Европа почнаа да ги олабавуваат мерките

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Откако почна да бележи на дневна основа повеќе излекувани од заразени лица, Австрија вчера беше првата европска земја која објави дека постепено се враќа на нормалниот живот и работа, потоа следеше Данска, а потоа и Чешка одлучи да попушти некои мерки.

Неодамнешните бројки од Шпанија, Германија и Франција покажуваат дека патот кон решавање на кризата од пандемијата со коронавирусот е сè уште долг, поради што многу влади во последните денови бараат од своите граѓани трпеливост додека ги продолжуваат рестриктивните мерки и изолацијата. Како и да е, сè повеќе земји, на чело со Австрија и Данска, одлучија дека е дојден моментот за контра-напад на вирусот, т.н. „фаза 2“.

Откако почна да бележи на дневна основа повеќе излекувани од заразени лица, Австрија вчера беше првата европска земја која објави дека постепено се враќа на нормалниот живот и работа, потоа следеше Данска, а потоа и Чешка одлучи да попушти некои мерки.

За „фаза 2“ размислуваат и Хрватска и Италија.

Еве како ќе изгледа враќањето на нормалниот живот во овие земји.

Австрија

Австрија беше прва во Европа која забележа конкретни ефекти од рестриктивните мерки, карантините и социјалната дистанца кај граѓаните, таму бројот на новозаразени веќе некое време опаѓа, додека истовремено бројот на излекувани се зголемува.

Затоа првото олабавување на мерките ќе следи на 15 април, кога ќе се отворат повеќето продавници во земјата. Ако се оди добро, ќе следат другите чекори. Сепак, за сето тоа да се озовможи, канцеларот Себастијан Курц ги повика граѓаните строго да се придржуваат кон постојните мерки за време на велигденскиот викенд.

– Велигденската недела ќе биде пресудна и зависи од нас дали ќе можеме да се вратиме во нормала, порача Курц, барајќи од граѓаните да избегнуваат социјални контакти и празникот да го поминат само со нивните семејства, а не со поширокото семејство и пријателите.

Тој истакна дека меѓународната состојба е сè уште драматична, бидејќи вирусот масовно се шири.

– Во Австрија реагиравме побрзо и построго и успеавме да го спречиме најлошото. Брзата и рестриктивна реакција сега ни дава можност да излеземе побрзо од кризата, но само ако сите доследно се придржуваме кон мерките и останеме обединети, како што бевме досега, додаде Курц.

Според планот на Владата, од 15 април ќе се отворат малите продавници до 400 метри квадратни, како и продавници за градежни и градинарски материјали, но со неопходни мерки на претпазливост, како задолжително носење маски, ограничен број клиенти и редовна дезинфекција.

Целта е од 1 мај да можат да работат сите продавници, трговски центри и фризерски салони. Гастрономијата и хотелите ќе можат да се отворат постепено, најрано од средината на мај, за тоа ќе се одлучува на крајот на април.

Што се однесува до образованието, матурата и сите други завршни испити ќе се одржат под посебни мерки, додека училиштата ќе останат затворени до средината на мај. Универзитетите до крајот на семестарот ќе имат дигитална настава, додека пак, испитите и истражувачки активности ќе се одржуваат.

Ограничувањето за движење ќе биде продолжено до крајот на април. Ова значи дека граѓаните можат да ги напуштат своите домови само за работа, за пазарење, да им помагаат на другите или за пешачење и индивидуални спортови.

Министерот за здравство, Рудолф Анхебер, рече дека мерките на владата вродија со плод и дека сега дневната стапка на раст на новозаразените лица опадна на 1,6 отсто, а времето за удвојување на бројот на заразени од 6 дена се зголеми на 16,5 дена. Вкупниот број заразени во земјата од почетокот на пандемијата е 12.427, со 243 починати.

Данска

Стабилизација на бројот на новозаразени лица е забележан и во Данска, која многу рано донесе мерки за изолација, на 11 март, а потоа инвестираше во масовно тестирање на граѓаните. Затоа синоќа владата најави постепено олабавување на мерките.

– Тоа е како одење по жица. Ако застанеме, можеме да паднеме. Ако одиме премногу брзо, работите може да тргнат наопаку. Затоа, мора да преземеме мали и претпазливи чекори. И сè уште не знаеме кога ќе имаме цврсто тло под нозете – рече премиерот, Мате Фредериксен.

Првата мерка се однесуува на образованието. Данска до 15 април ќе ги отвори градинките и училишта за децате до петто оделелние, доколку бројот на заразени и фатални случаи со коронавирусот остане стабилен.

Граничната контрола ќе остане на сила, а собирите на повеќе од 10 лица ќе продолжат да бидат забранети. Доколу бројките повторно започнат да отскокнуваат, веднаш ќе следат нови мерки за ограничување.

Чешка
Чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек најави вчера постепено ублажување на некои ограничувања.

Хамачек изјави дека предлага на 14. април да се укине забраната за патување на чешките државјани во странство. Контролите на граница ќе бида задржани и луѓето ќе можат да патуваат само врз основа на правилата кои допрва ќе бидат утврдени.

Фото: Profimedia

Моментално на Чесите им е забрането да ја напуштат земјата, а на странците да влезат во Чешка. Ограничувањето на движењето внатре во земјата нема да биде ублажено до Велигден 12 април.
Министерот за здравство Адам Војтех најави дека владата ќе расправа за предлогот да се овозможи работење на поголем број помали продавници во склас со развојот на епидемијата.

Хрватска

Ако се продолжи со успораувањето на ширењето на коронавирусот во Хрватска, попуштањето на заштитните мерки ќе почне после Велигден.

– Се зависи од епидемиолошката ситуација. Чекаме оптимален епидемиолошки момент и мислам дека му се проближуваме, рече министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, додавајќи дека најтешка одлука ќе биде кога да се отворат училиштата.

Премиерот Андреј Пленковиќ беше оптимист кога рече дека епидемиолошките мерки мора и натаму да се спроведуваат, но владата подготвува „релаксација“ на некои мерки на ограничување и забрани.

До Велигден може да се очекува отворање на пазарите, додека за натамошните чекори ќе биде одлучено во наредните недели.

Италија

Во моментот кога најтешко погодената Италија влегува во петтата недела од општиот карантин, експертите оценуваат дека коронавирусот конечно успорува, поради што владата се подготвува за „втора фаза“ и постепено излегување од блокадата низ стратешки план во пет точки.

Планот во пет точки за постепено враќање на Италија во нормала го претстави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца, а социјалното дистанцирање „на сите нивоа“ и натаму ќе биде главно правило – држење на безбедно меѓусебно растојание и користење на заштитни маски при купување на намирници, но и на работа.

Фото: Profimedia

Ќе бидат воспоставени таканаречени Ковид болници кои ќе продолжат со работа и кога здравствената криза ќе помине, се до дистрибуцијата на вакцините. Тоа е одлучено делумно поради тоа што втор бран од пандемијата не може да се исклучи, но и за да се растоварат што е можно повеќе другите болници.

Во рамки на програмата за зајакнување на здравствената мрежа, пациентот кој е позитивен на коронавирус со помош на тим специјалисти ќе поминува низ процес на лекување и нега, а потенцијалните позитивни случаи ќе бидат идентификувани, а на нивните блиски контакти ќе им биде наредена самоизолација.

Се истакнува дека важно прашање е правилната употреба на серолошки и молекуларни тестови, со можноста за сигурен тест на крвта на антитела со кои би де утврдило кој веќе го прележал вирусот.

Последната точка на програмата предвидува дигитална стратегија и употреба на технологија за помош во пандемијата, како на пример пронаоѓање на блиските контакти на оние кои се позитивни и надгледување на здравствената состојба во карантин по пат на апликација.

Фото: Profimedia

Заменикот на италијанскиот минисгтер за здравство Пијерпаоло Силери оцени дека првиот бран на олеснувањето на рестрикциите би бил можен во наредните неколку недели.

„Рано е да се говори за датуми”

Од друга страна, многу европски земји ги предупредуваат своите нестрпливи граѓани дека и натаму е премногу рано да се зборува за укинување на мерки, зошто во случај на претерано опуштање би можело да им се случи судбина слична на Јапонија и Сингапур, кои рано ги укинаа ограничувањата, па сега се соочуваат со втор бран инфекции.

Штом нејзиниот австриски колега најави постепено враќање во нормала, голем притисок се создаде врз германската канцеларка Ангела Меркел да излезе со слични оптимистички прогнози. Сепак, таа истиот ден повтори дека би било потполно „неодговорно од неа да зборува за датуми“.
Едни во ова ја поддржуваат, наведувајќи дека секако брзањето ќе се одрази во изгубени човечки животи, но има и од оние кои сметаат дека Меркел е „канцеларка со мали чекори“ и дека потпаднала под „диктат на неколку виролози“.

Во меѓувреме во Франција, премиерот Едуард Филипе рече дека укинувањето на мерките ќе биде „застрашувачки сложено“ и дека луѓето не треба да очекуваат „општа деконфигурација, одеднаш, секаде и за секого“.

По повод вечерашниот бран најави за релаксација на мерките се огласи и СЗО кој предупреди мерките да не се укинуваат прерано.

– Едно од најважните упатства е да не се откажуваат мерките прерано за да не се случи ново зголемување на заболените. Тоа е слично како кога и самите ќе се разболите и ако станете прерано од кревет и прерано трчате, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации, рече портпаролот на СЗО Кристијан Лијдмеир во виртуелниот брифинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот