Штајнмаер предупредува на опасноста од екстремната десница

 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер предупреди денеска, на прославата на 40-годишнината од терористичкиот напад на Октоберфест, за опасноста од  екстремната десница во таа држава.

– Екстремно десничарските ставови со длабоко вкоренети во нашето општество, наведе Штајнмаер на комеморацијата на жртвите од терористичкиот напад на 26 септември 1980 година на фестивалот Октоберфест во Минхен, во кој загинаа 13, а беа повредени над 200 лица.

Германскиот претседател ги посочи и грешките што се повторуваат во истрагата на случаите со радикално десничарско позадина.

– Сознанието дека станува збор за атентатори со радикално десничарска позадина, честопати доаѓаше предоцна. И во некои случаи, можно е свесно да се потисне ова знаење, рече Штајнмаер.

Дури оваа година, државното Обвинителство недвосмислено го класифицираше терористичкиот напад на Октоберфест како напад со радикална десничарска позадина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот