Шпанија – Италија: Фудбалска класика во „храмот“ на фудбалот

epa09319148 Ciro Immobile (L) of Italy in action against Toby Alderweireld (C) of Belgium during the UEFA EURO 2020 quarter final match between Belgium and Italy in Munich, Germany, 02 July 2021. EPA-EFE/Philipp Guelland / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Денеска од 21 часот на „Вембли“ се игра првото полуфинале на Европското првенство.

Пред девет години, на 1 јули Шпанија и Италија во Киев играа во финалето на ЕП, „црвената фурија“ славеше со 4:0 и ја одбрани титулата освоена четири години порано во Австрија и Швајцарија.
Тој натпревар на „Олимпискиот стадион“ во главниот град на Украина беше круна на шпанскиот фудбал, по што почна нивниот пад. Во 2016 година Италија и Шпанија и играа во осминафиналето и „азурите“ со головите на Џорџо Кјелини и Грацијано Пеле славеа со 2:0 и се одмаздија за поразот од финалето во 2012 година.

Сега, девет години по финалето во Украина и пет по натпреварот во Франција, двете репрезентации вечерва ќе бидат актери на уште една класика – во полуфиналето на Евро 2020, Италија и Шпанија на еден од најпознатите фудбалски стадиони „Вембли“ ќе се борат за виза за финалето.
Италијанците имаат одличен турнир и неколку соборени рекорди, тие веќе се во серија од 32 натревари без пораз, имаат 13 победи по ред, а последниот триумф им беше во четвртфиналето над Белгија.

EPA-EFE/ANDY RAIN

– Против Белгија дадовме два гола, а можевме да дадеме и повеќе. Заслужено се пласиравме во полуфиналето. Нареден противник ни е Шпанија – како наближуваме до финалето, ќе ни биде се потешко – вели селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Манчини за дуелот со Шпанија нема да може да смета на Леонардо Спинацола кој се повреди на дуелот со Белгија и го очекува долга пауза. Негова замена вечерва се очекува да биде Емерсон Палмиери и тоа би требало да биде единствената промена во тимот во однос на дуелот со Белгија.
За разлика од Италија која игра фантастично на Евро 2020, Шпанија не го започна добро турнирот. Одигра нерешено на првите два натпревари против Шведска и Полска со што го навлекоа бесот на јавноста и навивачите, а на удар се најде селекторот Луис Енрике.

EPA-EFE/Stuart Franklin

Тие му се лутеа на Енрике зошто го форсира Алваро Мората во нападот. Но, Енрике остана доследен во своите замисли и со честите ротации внесе свежина  екипата заигра далеку подобро. Прво ја декласираа Словачка со 5:0, а потоа и дадоа пет гола и на Хрватска по што во четвртфиналето ја исфрлија Швајцарија по подобро изведување на пенали.

– Горди сме, но не сакаме да застанеме тука. Би било смешно да помислиме дали ние или останатите екипите кое се во полуфиналето ќе се задоволат со овој пласман. Ја сакаме титулата – порача селекторот Луис Енрике кој вечерва не може да смета на повредениот Пабло Сарабиа.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот