Шпанија ги отвара границите за туристи на 1 јули

Девојка изведува јога вежби на плажата Барселонета во Барселона Фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Шпанија ќе почне да ги отвара своите граници за странски туристи од 1 јули, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Марија Хесус Монтеро.

Локалните власти ги обележуваат плажите пред повторното отворање за посетителите да ја задржат социјалната дистанца Фото/EPA-EFE/Sxenick

Шпанската министерка за туризам Рејес Марото вчера изјави во врска со Франција и Португалија, од 22 јуни ќе бидат отстранети ограничувањата поврзани со копнениот превоз.

Двајца сурфери на плажата Маспаломас на островот Гран Канарија, Шпанија Фото/ EPA-EFE/QUIQUE CURBELO

Сепак, Министерството за туризам подоцна појасни дека граничната контрола може да биде продолжена по 21 јуни и оти меѓународниот туризам ќе биде повторно отворен од 1 јули, без да прецизира што ќе се случи на границата со Франција и Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот