ШПАНИЈА БАРА ЕКСТРАДИЦИЈА: Поранешната каталонска министерка за образование се предаде на британската полиција

Фото: EPA-EFE/ALAN SIMPSON

Поранешната каталонска претставничка Клара Понсати денеска и се предаде на британската полиција.

Шпанија по Понсати распиша потерница поради учество во организирањето на референдум за независноста на Каталонија.

Понсати (62) е професорка по економија и таа се предаде на полицијата во Единбург, а пред станицата имаше мала група приврзаници на независноста на Каталонија.

Таа ќе биде предадена на судот во текот на денот, кој ќе го разгледа нејзиното условно пуштање на слобода.

Понсати беше регионална министерка за образование, а сега предава економија на Шкотскиот универзитет. Шпанските власти ја обвинуваат за обид за сецесија, бидејќи учествувала во составувањето на декларацијата за независност на Каталонија. Таа во Шпанија би можела да биде осудена на 15 години затвор.

Шпанскиот Врховен суд во октомври осуди девет поранешни претставници на Каталонија на затворски казни од девет до 13 години. Потоа шпанските власти издадоа европски налог за апсење на три лица, од кои едната е Понсати, а другите двајца се во Белгија.

Властите во Мадрид исто така бараат екстрадиција на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој е во Белгија. Неговиот налог за екстрадиција треба да биде разгледан на 16 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот