Шокантни сознанија: Шишиња за бебињата испуштаат микропластика кога се загреваат
Нова студија предупредува дека шишињата за бебиња испуштаат високо ниво на микропластични честички кога се изложени на високи температури.
Научниците испитувале 10 типа на шишиња за бебиња и го мереле нивото на микропластика што ја испуштаат кога во нив се подготвува адапирано млеко за доенчиња, се вели во студијата објавена во списанието Нејчр Медисин Џурнал.
Студијата покажала дека парчиња микропластика се испуштени во седум шишиња поради топлината користена за подготување на формулата.
Исто така се е забележано дека колку потопла е течноста внатре, повеќе микропластика е испуштена.
„Ние покажавме дека изложувањето на бебињата на микропластика е повисоко од претходното прифатено во однос на преваленцата на прозвoди на база на полипропилен користени при подготовка на формула за бебиња и нагласуваме итна потреба од проценка дали изложувањето на микропластика од тоа нив претставува ризик по здравјето на бебињата“, се посочува во студијата.
Научниците велат дека бебињата може да бидат изложени на 1,6 милиони микроплатични честички дневно низ формулата која ја внесуваат.
„Бројот на детектирани микропластични честички изгледа многу висок“, вели Филип Швабл, истражувач во Медицинскиот Универзитет во Виена кој напиша едиторијал за споменатата студија. „Како и да е, ние не знаеме какви последици има внесувањето на толкави нивоа микропластики врз бебињата или општо врз здравјето на човекот“.
Студијата е спроведена под водство она Ливен Ксиао, асистент професор на Тринити Колеџот Даблин во Ирска.
(Извор: Anadolu Agency)