Шокантен пресврт во случајот на Диди: Неговиот адвокат повеќе не сака да го брани!
Раперот Шон „Диди“ Комбс се соочува со нов проблем откако неговиот адвокат Ентони Рико се повлече од неговиот адвокатски тим со многу необична изјава.
Препорачано
Во барањето за повлекување поднесено во Њујорк, Рико наведе дека „под никакви околности не може ефикасно да продолжи да дејствува како адвокат на Шон Комбс“. Тој додаде дека разговарал со главниот адвокат Марк Агнифило пред да го поднесе барањето за оставка. Рико не сакаше да открие никакви детали, туку само изјави дека јавните обвинители биле известени за сè.
Неговото повлекување нема да доведе до одложување на судењето, кое е закажано за мај.
Да потсетиме, 55-годишниот хип-хоп могул од септември минатата година се наоѓа во затвор, а е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе за цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Освен тоа, тој е обвинет за силување, сексуално злоставување и дрогирање на своите жртви, а во бројни тужби против него се спомнуваат и неговите „freak off“ забави, на кои наводно ги снимал своите жртви без дозвола. На истите настани наводно „удирал, фрлал предмети и ги влечел своите жртви“, изложувајќи ги на „физичко, емоционално и вербално насилство“.


