Фото: Фејсбук

Шок во судницата во Белград! Пристигнало анонимно писмо со име на убиецот на пејачката Јелена! (ФОТО)

Утрово во судот во Белград започна судењето за случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ на втори април, 2016 година.

Судијата Јелена Шкулиќ во постапката која се води против обвинетиот Зоран Марјановиќ, денеска на странките им предаде писмо од анонимен човек од Швајцарија.

Фото: Никола Томиќ

Таа го информирала обвинителството и бранителите дека на 22 октомври присгинало мистериозно писмо од Швајцарија и дека обвинителството треба да одлучи дали ќе постапи по него.

За сега не е познато што пишува во него.

Според неофицијални информации во писмото се тврди дека се знае кој е убиецот и дека наводно, тоа не е Зоран Марјановиќ.

Марјановиќ повторно денеска во судот изјавил дека не е виновен и дека нема никаква врска со убиството на сопругата.

Фото: Никола Томиќ

– Овој момент го чекав три и пол години. Верувам дека судницата е место за тоа, бидејќи мене не ми беше дадено шанса за тоа. Се против мене и моето семејство е спин, се пишуваше се и сешто, се зборуваше по емисии и се тоа додека бев во притвор, а никој не реагираше – изјавил Марјановиќ.

Посебно истанал дека односот со Јелена му бил совршен, но дека понекогаш имале несогласувања околу нејзиниот стајлинг кога таа решила да се врати на естрадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот