Шкода го намалува производството поради недостиг на компоненти од Украина

Автомобил „Шкода Ауто“
Автомобил на „Шкода Ауто“ / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот автомобилски гигант Шкода е принуден да го намали про зводството на автомобили поради критичниот недостиг на компоненти кои доаѓаат од добавувачите во Украина. Ова денеска го објави компанијата на својата веб-страница.

„Од оваа недела, Шкода беше принудена да го намали производството на патнички автомобили поради критичниот недостиг на компоненти кои доаѓаат од неколку добавувачи со седиште во Украина”, се вели во соопштението.

Намалувањето на производството особено ќе влијае на кросовер моделот Enyaq iV. Шкода, дел од меѓународниот производител на автомобили Фолксваген.

„Се надеваме на брз крај на непријателствата и враќање на патот за изнаоѓање решение за ситуацијата преку дипломатија”, соопшти компанијата.

Шкода очекува влошување на економските резултати поради новите антируски санкции. Рускиот пазар стана еден од главните приоритети на компанијата за 2021 година. Чешкиот производител испорача 90.400 автомобили во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот