Шкендија и Вардар непријатно изненадени во Велес и Тетово!

фото: facebook.com/fcshkendija

Силекс го искористи „киксот“ на шампионот во првенството и сега кратовскиот клуб се израмни со Шкендија на второто место во генералниот пласман.

Екипата на Шкендија во рамките од 22. коло во Првата македонска лига го претрпе седмиот пораз сезонава на гостувањето кај Борец со 4:2.

Велешани после првото полувреме водеа со 2:0 со головите на Радовиќ во 12. и 40. минута, а во вториот дел им се придружија уште Силва (72`) и Прелчец (78`) за неверојатни 4:0.

Тетовската екипа која го брани трофејот од минатата сезона успеа да го ублажи поразот преку Алими кој стрелаше во 80. и 90. минута од средбата.

Претходно, и Ренова направи изненадување откако на домашен терен го совлада Вардар со 2:0 во воведниот меч од неделната програма.

Двата гола за тетовци беа дело на Арѓент Гафури во деветтата и во 62. минута. За „гипсарите”, ова е трета победа во низа во пролетниот дел од сезоната и со 28 бода се моментно седми на табелата.

Силекс го искористи „киксот“ на Шкендија и сега се израмни со нејзе на табелата откако минимално со погодокот на Ивановски славеше во Кратово над Македонија ЃП.

Три бода слават и играчите на Шкупи кои со 1:2 беа подобри од Струга Трим Лум. После половина час игра тимот од Чаир веќе има 0:2 благодарение на Гудиаби и Сержињо, додека Лена од белата точка го постигна единствениот гол за стружани.

Во саботата се одигра првиот дуел од лигашката рунда, Работнички ја совлада Академија Пандев и излезе од опасната зона.

1МФЛ, 22. коло, резултати –

Сабота: Работнички-Академија Пандев 1:0

Недела: Ренова-Вардар 2:0, Борец-Шкендија 4:2, Силекс-Македонија ЃП 1:0, Струга Трим Лум-Шкупи 1:2.

Табела:

1.Вардар 43 бодови
2.Шкендија 35
3.Силекс 35
4.Македонија ЃП 29
5.Академија Пандев 28
6.Шкупи 28
7.Ренова 28
8.Струга Трим Лум 25
9.Работнички 25
10.Борец 24

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот