Работнички подобар од „Пандевци“ и излезе од опасната зона

фото: ФК Работнички

Фудбалерите на Работнички на домашен терен со 1:0 ја совладаа Академија Пандев во воведниот натпревар од 22. коло во Првата македонска лига.

Голот вреден три бода, но и бегство од опасната зона на табелата, беше Виктор Велковски во 56. минута по нафрлувањето на Себастијан Ерера.

За разлика од очајниот есенски дел од сезоната, „романтичарите“ во вториот дел, имаат три победи и едно реми кое го остварија минатото коло против лидерот Вардар.
По победата над Академија Пандев, екипата на Работнички дојде до бројката од 25 бода со кои се наоѓа на делба од 6 -9 место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот