Шкендија го елиминираше Вардар, Работнички барем „гази“ во Купот!

Фото: Фејсбук/Шкендија

Првиот меч заврши без победник 2:2, а на денешната пресметка еден погодок им беше доволен на „црвено-црните“ од Тетово да го обезбедат пласманот во четвртфиналето.

Агим Ибраими во 74. минута од средбата беше стрелец на победничкиот гол за големо славје на Шкендија.

Во наредната фаза од натпреварувањето се пласираа уште Брегалница Штип, Лабуништа, Академија Пандев, Работнички, Шкупи и Струга Трим Лум.

На „романтичарите“ не им оди најдобро во првенството, но затоа во Купот убедливо го елиминираа битолски Пелистер со 4:0, иако првиот дуел заврши 1:1.

Куп на Македонија
Осминафинале, реванш –

(во заграда се резултатите од првите натпревари)

Македонија ЃП-Брегалница Штип 0:0 (0:1)
Охрид-Лабуништа 2:3 (0:2)
Осогово-Академија Пандев 1:4 (0:3)
Работнички-Пелистер 4:0 (1:1)
Шкендија-Вардар 1:0 (2:2)
Силекс-Шкупи 1:1 (0:0)
Струга Трим Лум-Борец 1:0 (0:0)
Ренова-Тиквеш 31 октомври/(2:0)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот